Андреа Пирло, кој го презеде Јувентус во 2020 година со големи очекувања, всушност не го сакал Кристијано Роналдо во тимот, тврди неговиот поранешен помошник Алпарслан Ердем.
Во интервју за турските медиуми, Ердем откри претходно непознати детали за тензиите во клубот, кои, според него, директно влијаеле на резултатите.
„На Пирло не му се допаѓаше Роналдо, но не можеше ништо да направи. Ги анализираше податоците, тие покажаа дека Роналдо има најслабо трчање и најлош пресинг во тимот“, рече Ердем.
Тој додаде дека Пирло имал јасна тактичка визија заснована на формација 4-4-2, во која гледал повеќе простор за Алваро Мората отколку за португалската суперѕвезда.
„Пирло не го сакаше Роналдо во тимот, но едноставно станува збор за Кристијано Роналдо. Не можел да го извади. Мората му одговараше повеќе затоа што се вклопуваше во системот. Тој план на игра едноставно не функционираше ниту со Роналдо ниту со Дибала, но неговите раце беа врзани.“