Фудбалерите на Јувентус продолжија со неубедливите партии под водство на Игор Тудор. По серијата нерешени резултати, претрпеа тежок пораз на гостувањето кај Комо со 2:0 (1:0). Јувентус го претрпе првиот пораз во лигата против Комо од 1951 година.
Хрватскиот стручњак повторно остана тврдоглаво доследен на одлуката да го форсира Џонатан Дејвид во почетниот состав, наместо Душан Влаховиќ.
Канаѓанецот и овој пат го одигра целиот натпревар, додека Влаховиќ влезе во игра во 78-та минута. И повторно, тој беше поопасен за голот на Комо отколку неговиот соиграч од нападот.
Но, покрај тие двајца, целиот тим на „старата дама“, кој го предводи Тудор, одигра катастрофално, на границата на скандалозно. Без никаква идеја, енергија и речиси никаква волја да се промени нешто против тим кој сигурно не е наивен, но не треба да биде толку доминантен како што беше случај денеска.
Домашниот тим целосно ги контролираше настаните, играта, па дури и резултатот, кој беше на нивна страна од почеток до крај.
Поточно, од 4-та минута, кога Марк Оливер Кампф постигна гол за 1:0, избраниците на Сеск Фабрегас го заклучија својот гол и целосно го надиграа фаворизираниот ривал.
Во второто полувреме, Јувентус „дури и не се појави“ на теренот, а само минута откако Влаховиќ влезе на теренот, играчите на Комо изведоа беспрекорен контра напад, а прекрасен гол постигна Нико Паз за конечни 2:0.
Двата тима сега имаат ист број бодови, по 12 и се наоѓаат на делба на петтата позиција на табелата.
Foto/ EPA