Фудбалскиот клуб Нотингем Форест е блиску до ангажирање на нов менаџер.
Англиските медиуми пишуваат дека главен кандидат за клупата на „Шумарите“ е Шон Дајч.
Форест го отпушти Ангелос Постекоглу по поразот од Челзи во саботата попладне (3:0).
Постекоглу помина само 39 дена на таа позиција откако го замени Нуно Еспирито Санто.
Тој не победи на ниту еден натпревар и со тоа го заврши најкраткиот мандат во историјата на Премиер лигата.
Сè се движи брзо и се очекува поранешниот стратег на Барнли и Евертон да биде на клупата веќе во четврток за натпреварот против Порто во Лигата на Европа.
Пред Дајч, Форест разговараше со Роберто Манчини, а се разгледуваше и Марко Силва од Фулам, но клубот не сакаше да ја плати неговата откупна клаузула од 10 милиони фунти.