Фудбалскиот клуб Наполи и тренерот Антонио Конте нема да ја заборават шлаканицата што синоќа ја добија во Ајндховен. Во третото коло од Лигата на шампионите, ПСВ го порази Наполи со 6:2.
Наполи прими шест гола во европско натпреварување за прв пат во историјата, исто така прв пат тимот на Конте да прими шест гола во еден натпревар.
Ниту црвениот картон што го доби Лоренцо Лука во 76-та минута не е оправдување за дебаклот на „Филипс“ стадионот.
„На теренот не видов желба и решителност, ни од играчите, ни од Конте. Никогаш не сум го видел таков, депресивен, а не лут на играчите затоа што не трчаат. Не го разбирам тој став. Никогаш не сум го видел Конте ваков, кој е решителен тренер, толку депресивен на клупата. ПСВ трчаше двојно повеќе од Наполи“, рече Капело, поранешен тренер на Милан, Реал Мадрид, Рома и Јувентус, во анализата на натпреварот за „Скај Спорт“.
Последен пат кога Наполитанците во декември 1997 година примија шест гола на еден натпревар. Тогаш беа поразени од Сампдорија во Серија А со 6:3.
Исто така, овој пораз го потврди исклучително лошиот настап на Антонио Конте во Лигата на шампионите воопшто. Во текот на целата своја тренерска кариера, Конте успеа да постигне само 16 победи во ова натпреварување, со 14 нерешени резултати и 15 порази.
„Секако дека сме разочарани, но моменти како овој никогаш не се случајност. Мора да се потрудиме да го искористиме максимално она што се случи вечерва и да го промениме текот на сезоната“, изјави тренерот на Наполи за „Скај Спорт Италија“.
Најзначајно е што Конте никогаш не стигнал подалеку од четвртфиналето, што го постигна за време на неговата прва сезона во Лигата на шампионите со Јувентус во сезоната 2012-13. После тоа, Конте беше елиминиран во групната фаза со Јувентус во сезоната 2013-14, стигна до осминафиналето со Челзи во сезоната 2017-18, до групната фаза со Интер во сезоната 2020-21 и повторно во осминафиналето со Тотенхем. сезоната 2022-23.
Фото/ Принтскрин