Top Sport

Интер и Милан заеднички влегуваат во проектот „НБА Европа“

Интер и Милан, лути соперници на фудбалскиот терен, решија да ги здружат силите за да создадат моќен кошаркарски клуб.

Според информации од Италија, фудбалските гиганти, односно нивните сопственици, сакаат да бидат дел од проектот „НБА Европа“, за кој се зборува сè погласно и кој се заканува да ја загрози Евролигата.

Парите би биле инвестирани во кошаркарскиот клуб Олимпија Милано, а инвестициските фондови, кои ги поседуваат Милан и Интер, „Ред Берд“ и „Оуктри“, се одлучиле за тој потег. Во сè би бил вклучен и Армани.

Целта е да се создаде франшиза, која би започнала на есен 2027 година во лигата „НБА Европа“, која секако би била водена од Соединетите Американски Држави.

Очигледно е дека најмоќната кошаркарска лига е во голема офанзива и дека најразвиените европски земји, односно нејзините клубови, сè повеќе размислуваат да влезат во овој проект, пред сè поради големата ветена финансиска добивка.

Scroll to Top