Top Sport

Познат српски судија уапсен во голема полициска акција

Познатиот кошаркарски судија Урош Николиќ е уапсен вчера во меѓународна полициска операција под сомнение за поврзаност со организирана криминална група.

Николиќ, бил уапсен во Белград во голема полициска операција спроведена по наредба на Јавното обвинителство за организиран криминал, а под сомнение дека е дел од организирана криминална група осомничена за тешки кривични дела, објави „Блиц“ во четвртокот.

Десет лица биле уапсени во полициската операција.

Николиќ е на списокот на судии на Евролигата и оваа сезона. Но, и на списокот на судии на АБА лигата и Кошаркарската лига на Србија.

Тој треба да биде сослушан во петок во Јавното обвинителство за организиран криминал.

Министерот за полиција Ивица Дачиќ ја потврди веста за апсењето на судијата Николиќ, а воедно објави и низа факти за јавноста:

„Интересно е уапсен тука во Белград, со иницијали У.Н., кошаркарски судија на Евролигата, во чиј стан беше пронајдена голема сума, 250.000 евра, златни прачки, часовници. Се сомнева дека е финансиски поддржувач на активностите на овој клан“, рече министерот Дачиќ.

Фото/ Принтскрин

Scroll to Top