За неколку дена, Јаник Синер од херој на нацијата стана најкритикуваната личност во својата татковина, Италија.
По брилијантниот настап на неофицијалниот турнир „Шест кралеви“ во Ријад, каде во финалето го декласира Карлос Алкарас и заработи шест милиони долари, донесе одлука да на игра за Италија на завршниот турнир во Дејвис купот.
Значи, Италија без најдобриот играче ќе ја брани титулата на завршниот турнир во Болоња.
Вистина е, некои го бранат, но мнозинството луѓе го напаѓаат затоа што, по Олимписките игри во Париз, одлучил повторно да не игра под националното знаме, а не е повреден.
До каде одат критиките, кажува и соопштението на Организацијата на потрошувачи на Италија, кое нема никаква врска со спортот.
„Одлуката на Синер да не игра на Дејвис купот е навреда за цела Италија, тежок удар за сите италијански љубители на тенисот. Италија не може да биде претставена само кога се земаат пари, а потоа се носат одлуки против спортот. Затоа бараме повлекување на сите почести што му ги доделила државата: од статусот амбасадор на спортската дипломатија до почесен граѓанин на Торино, до Златната огрлица за спортски заслуги на Италијанскиот олимписки комитет и многу други“, бара Организацијата на потрошувачи на Италија.
Интересно е што Синер, како добар скијач, беше назначен за амбасадор на Зимските олимписки игри, кои ќе се одржат во Милано во јануари 2026 година.
Јасно е дека се очекуваат многу проблеми и напади врз, до пред неколку дена, миленикот на нацијата, а сега најомразениот спортист на Италија.