Српскиот шампион, Црвена звезда, вчера загуби во Брага (2:0), во третото коло во Лига Европа. Црвено-белите по три рунди имаат само еден бод и ќе имаат тешка задача да изборат пласман во нокаут фазата.
Резултатот на „Мунисипал“ стадионот во Брага не ги отсликува реално настаните на теренот. Црвена звезда во ниту еден момент не беше конкурентна на теренот. Брага забележа рутинска победа.
Ден по натпреварот, генералниот директор на Црвена звезда, Звездан Терзиќ, и неговите соработници одржаа непријатен состанок со играчите од првиот тим по враќањето од Брага. Играчите биле информирани дека следниот месец уплатата на сметката на сите ќе биде „пократка“ за 10.000 евра.
На состанокот, на фудбалерите им били јасно ставено до знаење дека „ваквиот став кон обврските и дресот што го носат е неприфатлив“.
