Манчестер јунајтед ја забележа третата победа во низа, во Премиер лигата, што никогаш не се случило во ерата на Рубен Аморим.
Повеќекратните европски шампиони, во деветтото коло, го победија Брајтон со 4:2.
Серијата голови ја отвори Матеус Куња со одличен шут. Во 24-та минута, Бразилецот упати удар од околу 20 метри во левиот агол на голманот на Брајтон, кој беше немоќен.
Само 10 минути подоцна, предноста беше удвоена со многу среќа. Стрелец беше Касемиро, лошо шутираше Бразилецот, но на патото кон голот закачи еден играч на Брајтон и заврши во мрежата.
Во второто полувреме Мбумо му донесе на Јунајтед недостижна предност во 61-та минута.
Брајтон успеа да го намали резултатот во 74-та минута преку ветеранот Дени Велбек, инаку поранешен играч на Манчестер Јунајтед. Целосна неизвесност внесе младиот 18-годишен Грк Костулас, со голот во 92-та минута.
Надежите на гостите дека можат да направат чудо ги урна Мбумо со вториот гол на натпреварот во седмата минута од судиското продолжение.
Јунајтед сега го зазема четвртото место на табелата со 16 бода. Брајтон е на 11-та позиција со 12 бода.
