Менаџерот на фудбалерите на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, по синоќешниот пораз на неговиот тим од Јувентус (0:1), во Лигата на шампионите, рекол дека италијанскиот шампион во овој момент е ниво погоре од тимот што тој го предводи.
Португалскиот тренер на прес конференцијата бил воодушевен од начинот на кој натпреварот го одиграле централните дефанзивци на Јувентус, Џорџо Кјелини и Леонардо Бонучи.
„Господата Бонучи и Кјелини би можеле да Харвард да предаваат за играта на централните дефанзивци (стопери). Фантастично, апсолутно фантастично“, рекол Мурињо.
Тој рекол дека еден играч многу му недостигал во тимот.
„Го немаше Фелаини да го промени правецот на играта, како што тоа досега многу пати го направил“.
Мурињо заклучил дека и по ждрепката знаел дека Манчестер јунајтед ќе се бори за второто место во групата, а дека првото било резервирано за Јувентус.