Top Sport

(Видео) Реал води против Барселона 2:1 по првиот дел

Реал и Барселона го играат најголемото дерби на шпанскиот фудбал. По првиот дел Реал целосно ја надигра Барселона, води со 2:1 и а на добар пат да ја рпекина серијата од четири порази во дуелите со најголемиот рибвал.

Започна бурно, веќе во втората минута судијата досуди пенал за домашната екипа поради наводен фаул од Ламин Јамал врз Винисиус. Сепак, по гледањето на видеото, одлуката беше поништена.

Десет минути подоцна, Мбапе постигна брилијантен гол. Додека играчите на реал славеа се огласи ВАР и го поништи голот поради милиметарски офсајд.

Во 21-та минута, Мбапе, по одличното додавање од Белингам, се најде сам пред Шчечин и ја затресе мрежата за водство на Реал.

Овој пат немаше офсајд. 12-ти гол на Мбапе оваа сезона, а веќе шести во натпреварите од „Ел Класико“.

Откако Реал пропушти неколку добри шанси, се истакна голманот на Барса Шчесни, казната дојде во 38-та минута. Грешката на Арда Гулер ја казни Фермин Лопес и израмни на 1:1.

Четири минути подоцна Реал ја врати предноста со голот на Белингем.

Во 45-та минута Мбапе постигна гол, но беше во голем офсајд и резултатот остана 2.1

Scroll to Top