Реал Мадрид, синоќа со многу труд успеа да победи против Викторија Плзен (2:1), во Лигата на шампионите. Овој триумф ќе донесе барем малку мир во соблекувалната на „кралскиот клуб“, пред големото дерби со Барселона.
Бензема и Марсело ги постигнаа головите против чешкиот првак, во натпревар во кој Реал повторно не блескаше и во кој на противниците и дозволи да создадат неколку гол шанси.
По мечот, директорот на клубот Емилио Бутрагење, одговарајќи на новинарско прашање, рекол дека тренерот Лопетеги и понатаму ќе ја обавуваа својата функција.
„Лопетеги ќе го предводи Реал и во Ел класико. Во вакви ситуации важно е да останете мирни и да верувате во играчите. Неделниот натпревар е голема мотивација за нас“, рекол Бутрагењо и дополнил.
„Се е нормално. Ова е фудбал, ги слушаме озборувањата. Имаме голема самодоверба, на „Ноу Камп“ ќе одиграме добар натпревар“, рекол директорот на Реал.