Младиот Оливер Берман беше спектакуларен на Големата награда на Мексико. Возеше храбро и паметно и на крајот тоа го круниса со најдобриот пласман во кариерата, го освои четвртото место.
Берман одличено стартуваше од деветтата позиција напредуваше за три позиции, а потоа профитираше од борбата меѓу Макс Ферстапен и Луис Хамилтон кога храбро го престигна актуелниот шампион за четвртото место.
Хамилтон доби и казна од десет секунди, па Берман се најде на третото место.
Сепак, не успеа да се искачи на подиумот бидејќи тактиката на Ферстапен со едно запирање се исплатеше. Но, Берман успеа да одолее на нападите на Оскар Пјастри во финишот, а пред тоа и на обидите на Кими Антонели и Џорџ Расел.
По трката, искрено рече дека се исплашил од моментот кога го престигнал Ферстапен.
„Луис и Макс се бореа и јас имав корист од тоа. Искрено, се пос..в во тој момент кога се најдов до Макс, но беше навистина кул да бидам во таа позиција со луѓе што ги гледав откако гледам Формула 1.
И потоа го имав во ретровизорот (Ферстапен) долго време, најголемиот притисок што некогаш сум го имал во трките“, рече Берман.
Тој е свесен дека оваа трка е добра за сомодовербата.
„Макс беше зад мене, потоа Кими, потоа Џорџ и конечно Оскар. И не можеа да ме нападнат. Значи дека денес направивме нешто како што треба.“
„Не очекував да се најдам во позиција да се борам со нив, со најдобрите автомобили оваа година и во оваа фаза од мојата кариера. Но, тоа ми даде одлично чувство за иднината и се надевам дека во одреден момент тоа ќе стане нормална работа за мене“, рече Берман.
Оливер Берман во конкуренција на возачи се наоѓа на 13-то место со 32 поени.
Foto/ EPA
