Top Sport

(Видео) Рома му се придружи на Наполи на врвот, Јувентус против Удинезе ја прекиан лошата серија

Јувентус, Рома и Комо забележаа победи во деветтото коло во Серија А.

Во првиот меч без Игор Тудор, Јувентус го победи Удинезе со 3:1. Јувентус, по осум натпревари во кои не знаеше за победа и четири без постигнат гол, дојде до четвртата победа во првенството.

Домашните играчи поведоа со голот на Душан Влаховиќ. Српскиот фудбалер беше прецизен од пенал во петтата минута. Ова беше прв гол за Влаховиќ по пауза од еден месец.

Израмнувањето дојде во судиското продолжение од првото полувреме, кога Николо Заниоло ја затресе мрежата на Ди Грегорио.

Решавачкиот момент се случи во 67-та минута, кога Федерико Гати со глава ја смести топката во мрежата по центаршутот на Камбијазо. Конечниот резултат го постави Јилдиз од пенал во 95-та минута.

По оваа победа, Јувентус скокна на шестото место со 15 бода, додека Удинезе остана на деветтото место со 12 бода.

Во следното коло, Кремонезе ќе биде домаќин на Јувентус, додека Удинезе ќе биде домаќин на Аталанта.

Рома за малку против Парма ќе направеа од готово вересија. Сепак, најважно за тимот на Џанпјеро Гасперини е што оствари уште една победа.

Рома ја победи Парма со 2:1 на Олимпискиот стадион.

Рома сега е изедначена на првото место со Наполи со 21 бод, додека Парма е на дното на табелата.

Рома можеше да поведе по првото полувреме од натпреварот, но голот на Суле беше поништен поради офсајд.

Сепак, Римјаните поведоа по 63-та минута од натпреварот кога Ермосо, по асистенција на Паоло Дибала, ѝ донесе водство на Рома.

Вториот гол за Рома го постигна Артјом Довбик во 81-вата минута.

Киркати ѝ даде надеж на Парма да избегне пораз, но бодовите останаа во главниот град на Италија.

Во следното коло, Рома ја чека дербито со Милан, а Парма ќе ја пречека Болоња.

Комо славеше како домаќин против Верона 2:1.

Дувикас го доведе тимот на Сеск Фабрегас во водство. Суат Сердар израмни, додека Стефан Пош му донесе на Кому три бода.

По девет кола, Комо е на четвртото место со 16 бода, додека Верона е на 17-то место.

Scroll to Top