По четири последователни порази во Премиер лигата, фудбалерите на Ливерпул се елиминирани од Лига купот. На „Енфилд“ Кристал Палас го победи Ливерпул со 3:0.
Кризта во Ливерпул се продлабочува, екипата на Арне Слот, има шест порази на последните седум натпревари.
За поразот во Лига купот оправдување на холандскиот тренер не моѓе да му биде ниту фактот што играше со „шарен состав“.
Исмаила Сар со два гола во интервал од четири минути, во првиот дел ја најави елиминацијата на „црвените“.
Ливерпул го нокаутира Јереми Пино во финишот на натпреварот.
Арсенал беше сигурен дома против Брајтон.
На „Емирати“, головите на Енванери и Букајо Сака му овозможија на тимот на Микел Артета успешно да го мине осминафиналето на Лига купот.
Енванери погоди во 56-тата минута, а Сака 20 минути подоцна.
Манчестер Сити се мачеше против Свонси, но победи по пресврт со 3:1. Домашниот тим поведе преку Франко во 12-та минута, израмни Доку во 39-та минута, кога Доку.
Изненадувањето го спречи Мармуш, кој донесе пресврт со гол во 77-та минута, а Черки со гол во 90+3-тата минута го потврди триумфот на својот тим.
Челзи го реши прашањето за победникот на полувремето на гостински терен против Вулверхемптон, на крајот се мачеше но победи со 4:3. „Сините“ постигнаа дури три гола во првиот дел од играта.
Стрелци беа Андре Сантос во петтата минута, Џорџ ја удвои предноста во 15-та минута, а се покажа дека победата ја обезбеди Естевао со гол во 41-та минута.
Надежта на домашниот тим ја врати Арокодаре, кој постигна гол во 48-та минута, а кога гол постигна и Вулф, Вулверхемптон се надеваше на чудо. Сепак, сè беше завршено кога Гитенс постигна гол за Челзи во 90-та минута, а две минути подоцна Волф повторно постигна гол за домашниот тим и го постави конечниот резултат.
