Top Sport

(Видео) Јокиќ ефикасен – Денвер славеа против Сакраменто

Кошаркарите на Денвер Нагетс славеа над Сакраменто Кингс со 130:124. Нагетс ја забележаа четвртата победа во сезоната, имаат и два порази, додека Кингс се на скор две победи и пет порази.

Никола Јокиќ го одигра најефикасниот меч од почетокот на сезоната и го задржа континуитетот и во шестиот меч забележа дабл-дабл.

Србинот натпреварот го заврши со 34 поени, 14 асистенции, седум скока и четири украдени топки.

Јокиќ моментално е најдобар стрелец и најдобар асистент во НБА.

Доколку го задржи овој статус, ќе стане првиот кошаркар по Нејт „Тајни“ Арчибалд, кој беше најдобар стрелец и асистент во лигата во истата НБА сезона. Тоа беше во 1973 година, а плејмејкерот на Канзас Сити Кингс имаше просек од 34 поени и 11 асистенции. Џејмс Харден беше најблиску до ова достигнување во 2017 година во дресот на Хјустон.

Кристијан Браун придонесе за победата со 21 поен (7/10 од поле), а Арон Гордон постигна 20 (6/11 од поле), а двоцифрени беа и. Џамал Мареј со 15, Брус Браун со 13 и Кем Џонсон со 10 поени.

Во редовите на Кингс, инспириран беше Расел Вестбрук, ветеран кој минатата сезона ја помина во Денвер. Искусниот плејмејкер го заврши натпреварот со 26 поени (10/17 од поле), 12 скока, шест асистенции, но и шест изгубени топки.

Демар Дерозан имаше 19, а Денис Шрудер, МВП на Евробаскетот, го заврши натпреварот со 18 поени и 9 асистенции. Потфрли Зек Лавин, кој до овој натпревар имаше просек од 29,5 поени, постигна 15.

Scroll to Top