Со победата над Пари Сен Жермен во Париз (1:2), Баерн не само што остана на врвот на Лигата на шампионите со максимален учинок, туку постави и нов рекорд по бројот на последователни победи од почетокот на сезоната.
Секогаш кога Баерн ќе влезе во серија на победи, се зборува за совршено подмачканата баварска машина.
Тимот од клупата предводен од Венсан Компани, знае само за победи од почетокот на сезоната. И тоа во сите натпреварувања.
Баварците одиграа 16 натпревари во сите натпреварувања и забележаа ист број победи.
Имаат девет во Бундеслигата, четири во Лигата на шампионите, две во купот и една на почетокот на сезоната во Суперкупот на Германија. Значи вкупно 16 победи со гол разлика од 56:11. Едноставно кажано – брутална доминација.
