МЛС тимот Атланта го ангажираше повторно Херардо „Тата“ Мартино за тренер, а договорот е потпишан до 2027 година, објави клубот.
Мартино се враќа во клубот што го водеше до титулата шампион на МЛС во 2018 година и беше прогласен за тренер на годината.
„Овој момент не е враќање во минатото, туку можност да се изгради нова основа и да се продолжи да се развива во согласност со барањата на редовната борба за врвот на МЛС“, рече сопственикот на клубот Артур М. Бланк.
Мартино го напушти Интер Мајами пред речиси една година од лични причини, по една сезона во клубот. Во текот на својата кариера, тој освои 11 трофеи на клупско и репрезентативно ниво во Северна и Јужна Америка, како и во Европа.
Интер Мајами го ангажираше во јули 2023 година, во моментот кога Лионел Меси го имаше своето деби за клубот. Мартино претходно го тренираше Меси во Барселона и во репрезентацијата на Аргентина.
Под негово водство, Интер Мајами оствари учинок од 26 победи, девет нерешени резултати и 12 порази во МЛС лигата.
