Возачот на Мекларен Ландо Норис е поденик во спринт трката која се возеше во рамките на Големата награда на Бразил. На патеката Интерлагос во Сао Паоло, Норис победи пред возачите на Мерцедес, Андреа Кими Антонели и Џорџ Расел. Катастрофа доживеа Оскар Пјастри, кој излета од патеката во шестиот круг и остана без бодови.
Нов триумф за Ландо Норис, нов неуспех за Оскар Пјастри и зголемување на предноста во бодовите. И тоа за огромни осум бода, бидејќи Норис ја однесе победата во спринтот во Интерлагос за Големата награда на Сао Паоло, неговиот колега од Мекларен и главен кандидат за титулата испадна.
Стартот не го донесе очекуваното возбудување. На врвот, само Макс Ферстапен си обезбеди позиција со престигнувањето на Фернандо Алонсо на петтото место, а најдобар старт имаше Луис Хамилтон кој напредуваше за три позиции и заврши на осмото место.
Првото големо возбудување се случи во шестиот круг. Оскар Пјастри се излизга и излета од патеката. Мораше да се повлече и претрпе уште еден удар врз своите шампионски амбиции.
Покрај Пјастри, Хилкенберг и Колапинто се судрија, поради што беше истакнато црвено знаме. За разлика од Пјастри и Колапинто, Хилкенберг се врати на патеката.

Рестартот исто така не донесе ништо големо. Ландо Норис ја задржа првата позиција пред тандемот на Мерцедес, Кими Антонели и Џорџ Расел, кои се обиде да го престигне својот колега, но без успех.
На крајот, Кими Антонели покажа својата амбиција и да победи. Стигна до помалку од една секунда од Норис, но и со DRS сепак не успеа. На крајот, редоследот на подиумот беше ист како оној на рестартот: Норис, Антонели, Расел.
Третиот претендент за титулата, актуелниот шампион Макс Ферстапен, мораше да се задоволи со четвртата позиција.
Лесно можеше да ја изгуби и таа кога направи грешка по рестартот, Фернандо Алонсо жестоко го нападна, но Холанѓанецот сепак се одбрани.
Тандемот на Ферари, Шарл Леклер и Луис Хамилтон, водеше голема битка со Фернандо Алонсо и на крајот ги зазедоа петтата и седмата позиција, додека Алонсо се најде помеѓу возачите на Ферари. Пјер Гасли беше последен што освои поени.
Ландо Норис е лидер со 365 поени, Оскар Пјастри има 356, а Макс Ферстапен сега има 326. До крајот ќе се возат уште четири трки.
Утре се вози Големата награда на Бразил, по што следуваат Лас Вегас, Катар и Абу Даби.
