Легендата на светскиот тенис ја освои 101-та АТП титула во својата монументална кариера. Во финалето на турнирот во Атина, Србинот го победи Италијанецот Лоренцо Мусети со 2:1 во сетови (4:6, 6:3, 7:5). Спектакуларното финале во ОАКА арената траеше три час, од нив 90 минути се играше решавачкиот сет.
На крајот, Ѓоковиќ го искина дресот во емотивен напад и покажа колку му значи оваа титула. Само Џими Конорс со 109 и Роџер Федерер со 103 се пред Новак по бројот на титули во историјата на тенисот.
Ова беше трето финале за Ѓоковиќ во 2025 година. Во Мајами, тој го загуби мечот за титулата од Јакуб Меншик, но во Женева стигна до својата јубилејна и 100-та титула победувајќи го Хуберт Хуркач. Вкупно, Ѓоковиќ одигра 144 финалиња во својата кариера, завршувајќи со победата над Мусети.
Музсти, рангиран на деветтото место во светот, се бореше не само за титулта, туку и за место на Завршниот мастерс.
Сепак, по поразот од Новак, последен патник за финалето на АТП ќе биде Феликс Оже-Алијасим од Канада.
Ова беше десеттиот натпревар помеѓу Ѓоковиќ и Музети, а Новак сега има девет победи во натпревари против ривал кој е 15 години помлад.
Мусети одигра како во транс во првиот сет, погодуваше од сите позиции, а брјкот во третиот гем му беше доволен да поведе со 1:0. Ѓоковиќ возврати во вотриот со иста мерка, клучен беше осмиот гем кога го скрши Мусети.
И во третиот сет… Посебна драма.
Новак прави брејк за 3:1, Мусети се врати за 3:3, Новак возврати за 5:3.
Драмата не заврши тука.
Мусети успеа да се врати и да израмни на 5:5, но следеше уште еден брејк. Овој пат, Новак успеа да сервира за победа и да ја освои својата 101-ва титула.
A THREE HOUR FINAL ENDS WITH A SMILE
NOVAK WINS TITLE NO. 101
— Barstool Tennis (@StoolTennis) November 8, 2025
