Најуспешниот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, одлучи да не учествува на Завршниот мастерс во Торино.
Српскиот играч имаше голема желба да биде дел од завршниот турнир, а по победата против Лоренцо Мусети во финалето во Атина, тој зборуваше за причините за (не)очекуваната одлука.
„Навистина се радував на Мастерсот во Торино и можноста да дадам се од себе, но по денешното финале во Атина, со жалење објавувам дека морам да се повлечам поради повреда“, рече Ѓоковиќ и додаде:
„Искрено ми е жал за навивачите кои се надеваа дека ќе ме видат како играм – вашата поддршка ми значи многу. Им посакувам на сите играчи неверојатен турнир и едвај чекам наскоро да се вратам на теренот со сите вас.“
Ѓоковиќ требаше да биде во таканаречената „Џими Конорс група“ со Карлос Алкараз, Тејлор Фриц и Алекс де Минор. Наместо него, Мусети ќе игра во Торино.
Јаник Синер, Александар Зверев, Бен Шелтон и Феликс Оже-Алијасим играат во „Групата Бјерн Борг“.
Турнирот е закажан од 9 до 16 ноември, а првиот ден на програмата се натпреварите Алкараз – Де Минор (14) и Зверев – Шелтон (20:30).
