Top Sport

Два клуба сериозно се заинтересирани за Левандовски

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски (37) изјави дека не брза да го продолжи договорот со Барселона, кој истекува во јуни 2026 година. По оваа изјава, веднаш започнаа шпекулациите околу неговата иднина.

Два клуба веќе се издвоија како потенцијални нови дестинации, Фенербахче и Милан, пишуваат шпанските медиуми.

Според информациите на новинарот Серџан Хамзаоглу, турскиот гигант, засега, индиректно прашува за условите под кои Левандовски би можел да пристигне во Истанбул. Тие наводно размислуваат за продажба на Јусеф Ен-Несири, кој сонува да оди во Саудиска Арабија, за да ослободат простор и средства.

Извори блиски до клубот тврдат дека Фенербахче би можел да му понуди 18-месечен договор, почнувајќи уште од овој јануари и завршувајќи во јуни 2027 година. Сè уште не се преземени официјални чекори за да не се наруши мирот во тимот на клубот кој беше 28 пати шампион на Турција.

Од друга страна, новинарот Саша Таволиери за „Скај Спорт Италија“ носи сторија за интересот на Милан. Италијанскиот клуб размислува за Левандовски како засилување за следната сезона, кога би пристигнал како слободен играч по завршувањето на договорот со Барселона.

Таволиери наведува и конкретни чекори. Спортскиот директор на Милан, Игли Таре, наскоро треба да се сретне со агентот на полскиот напаѓач Пини Захави за да разговараат за финансиските услови на договорот.

Минатата сезона, Левандовски постигна 42 гола на 52 натпревари, а во својата кариера повеќе од 700 од нив играјќи за полската репрезентација (87 гола), Баерн (344), Борусија Дортмунд (103), Барселона (105)… Во девет лигашки натпревари оваа сезона, тој постигна седум гола.

Scroll to Top