Германија, актуелен светски првак во фудбал, обзнани како ќе изгледаат дресовите кои играчите ќе ги носат на Мундијалот во Русија.
Our new home shirt for #WorldCup2018 ???
Available now exclusively at https://t.co/VavD76bJNf & https://t.co/KglJQUa7Qv #DieMannschaft pic.twitter.com/XgFmXzv7th
— Germany (@DFB_Team_EN) November 6, 2017
Фудбалерите на Германија на 14.јуни 2018 година ќе ја започнат одбраната на титулата освоена во 2014 година во Бразил, а националниот Сојуз и компанијата „Адидас“ преку социјалните мрежи го објавија изгледот на дресот.
Новите дресови на Германија наликуваат на оние кои репрезентацијата ги носеше во 1990 година, кога националниот тим под водство на Франц Бекенбауер стана светски шампион.