Top Sport

Лендо Норис е резервата на Мекларен за 2018

Шампионот од Европската Ф3 серија, Британецот Лендо Норис е новиот резервен и тест-возач на Мекларен за следната сезона, заменувајќи го на ова место поранешниот светски шампион Џенсон Батон.

Норис првпат имаше шанса да тестира модерен Ф1 болид со Мекларен ова лето, а како дел од обврските за 2018 година, ќе присуствува на сите трки и ќе учествува во тестирањето на патеката и на симулаторот.

„Последните 12 месеци беа фантастични за мене и уживав во секоја секунда за сега дојде овој совршен финиш на годината. Се надевам дека ќе му помогнам на тимот, почнувајќи веќе следната недела со тестирањето на Пирели во Интерлагос. Имам два фантастични учители во Фернандо Алонсо и Штофел Фандорне и ќе го дадам максимумот да го вратиме Мекларен на врвот“, вели 17-годишниот Норис.

Scroll to Top