Фудбалската репрезентација на Малта направи првокласно изненадување и ја победи Финска како гостин во натпреварот од деветтото коло од Групата Г од европските квалификации за Светското првенство во 2026 година.
Со овој пораз, Финците ги загубија сите шанси за пласман на Светското првенство следната година.
Натпреварот на Олимпискиот стадион во Хелсинки заврши со резултат 0:1 (0:0).
Стрелец на единствениот гол беше Џејк Греч во 81-та минута. Ова е прва победа за малата Малта во квалификациите за Светското првенство во 2026 година.
Уште пред овој натпревар, Финска беше во тешка позиција во борбата за пласман на Светското првенство, а сега дефинитивно ги загуби сите шанси.
Остана на третото место во групата со десет бода, три помалку од второпласираната Полска и шест помалку од водечката Холандија, но и двете имаат уште два натпревари до крајот на квалификациите.
