Фудбалерите од Казахстан и Белгија одиграа нерешено 1:1 во натпреварот од претпоследното коло од Групата Ј од европските квалификации за Светското првенство.
Белгијците не го оправдаа својот статус на големи фаворити во далечната Астана, но сепак се единствените што се прашуваат за првото место и директен пласман на Светското првенство.
Тие имаат 15 бода на првата позиција, два повеќе од Македонија и пет од Велс (кој има натпревар помалку).
Белгија, во вторник има зицер, во во Лиеж ќе го пречекаат аутсајдерот Лихтенштајн и со победа ќе ја завршат работата, па дури и со бод бидејќи имаат многу подобра гол-разлика од своите ривали.
Казахстан ги шокираше гостите и поведе во деветтата минута, по одличен пробив и прецизен удар на суперталентираниот иден играч на Каират, кој веќе е продаден во Челзи, Дастан Сатпаев.
Бод за Белгија, која не е истата екипа без Куртоа, Де Брујне и Лукаку, донесе Ханс Ванакен во 48-та минута.
Репрезентацијата на Казахстан денес го заврши овој циклус, тие собраа осум бода, што е извореден резултат за оваа репрезентација.

