Фудбалерите на Босна и Херцеговина ја победија Романија по пресвртот во Зеница со 3:1 во натпреварот од претпоследното коло, од Групата Х од европските квалификации за Светското првенство.
Избраниците на Сергеј Барбарез знаеја дека мора да слават за да не зависат од другите, и тоа на крајот го направија. По втор пат во овој циклус ги победија Романците и обезбедија барем место во плејофот со 16 бода.
Но, во вторник, во последното коло, БиХ ќе гостува во Австрија, која има два бода повеќе. На БиХ ќе им биде потребна победа за да се пласираат на Светското првенство.
Романија доживеа катастрофален неуспех во оваа група, но покрај тоа, ќе бидат дел од плејофот, преку Лигата на нации. Сепак, поради фактот што не беа ниту втори во оваа група во ждрепката за плејофот, Романците ќе бидат во последниот шешир и во полуфиналето ќе му гостуваат на некој од носителите.
Што се однесува до натпреварот Бирлиѓа и донесе предност на Романија во 17-та минута, а до крајот на полувремето Романците не ги искористија шансите да го решат мечот. Ман промаши две идеални шанси за зголемување на предноста.
Лидерот на БиХ, Џеко изедначи во 49-та минута, а кога Драгомир во 68-та доби црвен картон, Босанците тргнаа во целосна иницијатива.
Во 80-та спектакуларен гол постигна Бајрактаревиќ за 2:1, а точка на големата победа стави Табаковиќ во 94-та минута.
⚽️ GOAL | Bosnia & Herzegovina 2-1 Romania | World Cup Qualification
Bosnia & Herzegovina is dominating with an incredible goal by Esmir Bajraktarević ⚽️!#BosniaHerzegovina #Romania #BOSROM #Footballpic.twitter.com/4DMyjmyTRu
— goalpostX (@GoalpostX) November 15, 2025
