Фудбалската репрезентација на Италија доживеа тежок пораз на „Сан Сиро“, во последното коло, во квалификациите за пласман на СП. Азурите водеа против Нрвешка, на крајот загубија со 1.4.
И пред почетокот на натпреварот беше јасно дека Италија има невозможна задача, да победи со девет голови разлика за да го освои првото место. Водеа Италијаните со голот на Еспозито, а откако во вториот дел Нуса изедначи, на азурите целосно потоанаа во последните 15-тина минути, кога Норвашка постигна три гола.
Капитенот Џанлуиџи Донарума беше исклучително критичен, велејќи дека „е неприфатливо тимот целосно да ја изгуби самодовербата“ откако прими гол.
„Не требаше да го примиме третиот гол, четвртиот беше во 93-та минута, проблем е што престанавме да играме во второто полувреме“, изјави Донарума за „Скај Спорт Италија“ и „РАИ Спорт“.
„Во првото полувреме, беше сосема поинаков натпревар, не им дозволивме да излезат од својата половина. Мораме да го правиме тоа 95 минути, а не 45“, додаде тој.
„Боли овој пораз, но мора да кренеме глава бидејќи сè ќе се решава во март со тие два натпревари. Мора повторно да ја пронајдеме самодовербата и вербата во себе, и сигурен сум дека ќе можеме да го направиме тоа благодарение на нашиот тренер.“
Италија ја чека ждрепката за плејофот за Светското првенство, која ќе се одржи во четврток, 20 ноември. Полуфиналните натпревари се закажани за 26 март, а финалните на 31 март следната година.
