Top Sport

Монструозен трипл-дабл на Јокиќ и шокантен пораз на Денвер – Харден во Филаделфија ја мина бројката од 28.000 поени во кариерата

Никола Јокиќ повторно забележа монструозен трипл-дабл, но промаши тројка за продолженија и Денвер Нагетс доживеаја шокантен пораз во Чикаго 130:127.

Јокиќ го забележа осмиот трипл-дабл во сезоната, во 13-от натпревар,а Денвер го забележаа третиот пораз. Србинот мечот го заврши со 36 поени, 18 скокови и 13 асистенции.

Го следеа Џамал Мареј со 34 поени (18 од нив во последната четвртина) и Арон Гордон со 24 поени.

Ајо Досунму и Џош Гиди го предводеа Чикаго со по 21 поен, а Гидиимаше и 14 скока.

Неверојатно звучи податокот дека играчите од клупата на Чикаго постигнаа 66 поени, додека Денвер од резервите доби скромни девет поени.

Неизвесна завршница имаше и мечот во Филалделфија. Севентисиксерс ја истопија двоцифрената негатива и славеа во дуелот со ЛА Клиперс 110:108.

Тајрис Макси го заврши натпреварот со 39 поени и беше убедливо најефикасен. Квентин Грајмс додаде 19, Еџкомб додаде 14, а Драмонд имаше 18 скока. Пол Џорџ, кој беше стартер и одигра 21 минута, се врати по долгата пауза поради повреда. Тој запиша девет поени, седум скока, три асистенции и две блокади.

Кај Клиперси, Харден беше најефикасен со 28 поени, шест скока и пет асистенции. Коби Сандерс постигна 17 поени, Ивица Зубац постигна 14 поени и 13 скока, а Џон Колинс и Никола Батум постигнаа по 11 поени.

Харден на овој меч ја мина бројката од 28.000 поени во кариерата и сега се наоѓа на 11-то место на вечната листа.

Резултати:

Кливленд – Милвоки 118:116
/Мичел 37 – Ролинс 24/

Детроит – Индијана 127:112
/Дурен 31 – Сијакам 29/

Мајами – Њујорк 115:113
/Пауел 19 – Мекбрајд 25/

Торонто – Шарлот 110:108
/Инграм 27 – Кнепел 24/

Минесота – Далас 120:96
/Рид 22 – Харди 17/

Њу Орлеанс – Оклахома 109:120
/Фирс 24 – Холмгрен 26/

Scroll to Top