Top Sport

Тухел до новинар: Не сме во кафеана

Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел, влегол во расправија со еден новинар, на прес конференцијата по натпреварот со Наполи (2:2) во Лигата на шампионите.

Пред дуелот со Наполи, германскиот тренер изјавил дека фактот што ПСЖ е богат клуб не го прави тимот фаворит против италијанскиот претставник.

По натпреварот на Тухел му било поставено истото прашање, што предизвикало нервозна реакција.

„Веќе ви кажав. Во вторникот ми кажавте дека сме фаворити, а јас ви реков дека не сме. Молам? Морате да ми верувате дека е тоа така“.

Меѓутоа новинарот продолжил: „Но што да правиме со неколкуте стотина милиони евра што ги вложивте за да ја освоите Лигата на шампиони, малку е чудно да речете дека не сте фаворити?“

„Вау, во ред тоа се вашите аргументи…Но нашиот разговор е малку чуден. Па не сме во кафеана“, рекол Тухел и дополнил.

„Ми поставивте прашање, во го дадов моето мислење, а вие тоа мислење морате да го прифатите како мое, нели“.

ПСЖ, по три кола во Ц-групата, има четири бода, еден помалку од Наполи и два од Ливерпул. За две недели, во четвртото коло, ПСЖ ќе гостува кај Наполи.

Scroll to Top