Серијата од две години без пораз во офоцијални натпревари, вкупно 14, во која се наоѓаше фудбалската репрезентавција на Македонија, заврши на „Милениум“ стадионот во Кардиф.
Велс, во последното коло во Ј групата, за пласман на Светското првенство, ја прегази Македонија со 7:1. Ова е вториот најтежок пораз во историјата на националниот тим. Втор пат Македнија прими седум гола на еден натпревар, претходно тоа се слуи на „Олд Трафорд“ против Англија (7:0).
Резултатот најдобро ја отсликува немоќта на македонските фудбалери на овој натпревар. По мечот селекторот Благоја Милевски ја презеде одговорноста за дебаклот.
„Немавме одговор за агресивната игра на Велс. Одговорноста е моја и секогаш ќе биде, начинот на кој загубивме боли повеќе“, рече Милевски.
Македонија сега ја очекува баражот за пласман на Мундијалот. Полуфиналните и финалните двојки ќе бидат извлечени в четврток во Цирих. Познато е дека во полуфиналето противник на Македонија ќе биде една од овие четири селекции: Италија, Данска, Турција или Украина.
Foto/ ffm.mk
