Фудбалската репрезентација на Швајцарија, во Приштина го потврди пласманот на Светското првенство, во натпревар кој што поскоро ќе сака да го заборави капитенот на тимот, Гранит Џака.
Натпреварот од последното квалификациско коло меѓу Косово и Швајцарија заврши со резултат 1:1, што беше доволно за Швајцарците директно да се квалификуваат на Светското првенство.
Пред почетокот на натпреварот, Гранит Џака доби громогласни свирежи од стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина.
По натпреварот, Џака влезе во конфликт со таканаречениот водач на навивачите на косовската репрезентација, Лулзим Бериша, за на крајот фудбалерот на Сандерленд да каже колку му бил тежок овој гест на навивачите.
„Овие свирежи болат. Тоа е последното нешто што го очекував, особено тука дома. Но, морам да го прифатам тоа. Вакви работи се случуваат во спортот, барем имам поддршка од навивачите на Швајцарија“, рече Гранит Џака.
Фото/ Принтскрин
