Top Sport

Стив Кер бара да се намали бројот на натпревари во НБА лигата

Во НБА лигата, од почетокот на сезоната многу се зборува за бројни повреди на најголемите ѕвезди.

Џејсон Тејтум (Бостон), Тајрис Халибартон (Индијана) и Кајри Ирвинг (Далас) претрпеа сериозни повреди од минатата сезона. Во моментов повредени се Јанис Адетокумбо (Милвоки) и Виктор Вембањама (Сан Антонио), а на таа листа им се приклучи Стеф Кари од Голден стејт Вориорс.

Претходно, Џејлен Брансон од Њујорк, Треј Јанг од Атланта и Паоло Банкеро од Орландо имаа помали или малку посериозни повреди оваа сезона. Ова се главните играчи на нивните тимови.

Сето ова го загрижува Стив Кер, тренер на Голден Стејт Вориорс, кој верува дека постои решение за проблемот.

„Секогаш ќе се залагам за помал број натпревари. На играчите би им значело многу да се намалат од 82 на 72 во текот на главниот дел од сезоната. Не е само пренатрупаниот распоред виновен за бројните и чести повреди. Никогаш толку не се трчало во кошарката. Сите играат транзициска кошарка. Ако го комбинираме тоа со играње секоја втора вечер, завршуваме со полни листи на повреди“, рече Кер.

„Понекогаш сме на гостински турнеи повеќе од една недела. Во тие моменти, воопшто немате време за тренинг. Сè се одвива во ритамот од натпревар на натпревар. Ваков систем неводи никаде“, додаде 60-годишниот тренер кој, играјќи за Чикаго и Сан Антонио, беше петкратен шампион во НБА, додека го водеше Голден Стејт до четири титули во НБА како тренер.

Scroll to Top