Top Sport

Македонија против Данска во полуфиналниот бараж за пласман на СП

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе игра против Данска во полуфиналниот бараж за пласман на Светското првенство во САД, Мексико и Канада.

Доколку Македонија успее да го мине полуфиналето на 26 март, во финалето на 31 март, повотено ќе гостува кај победникот од дуелот меѓу Чешка и Република Ирска.

Европски плејоф, полуфинале:

Патека А: 1. Италија-Северна Ирска , 2. Велс- Босна и Херцеговина (домаќин во финалето)
Патека Б: Украина-Шведска (домаќин во финалето), Полска-Албанија
Патека Ц: Турција-Романија, 2. Словачка-Косово (домаќин во финалето)
Патека Д: Данска-Македонија, 2. Чешка-Република Ирска

Интерконтиненталниот бараж ќе се игра во Мексико, на стадионите во Гвадалахара и Монтереј. Учествуваат шест репрезентации, во финалето ќе ги чекаат ДР Конго и Ирак.

ДР Конго ќе игра со победникот од натпреварот Нова Каледонија-Јамајка, а Иран ќе се сретне со победникот од дуелот меѓу Боливија и Суринам.

Досега пласман на СП изборија 42 репрезентации.

Од Европа, Англија, Франција, Хрватска, Португалија, Норвешка, Германија, Холандија, Белгија, Шпанија, Шкотска, Австрија и Швајцарија ќе играат на Светското првенство следното лето.

Бранителот на титулата Аргентина, Бразил, Колумбија, Еквадор, Парагвај и Уругвај се квалификуваа од Јужна Америка.

Австралија, Јужна Кореја, Иран, Јапонија, Јордан, Узбекистан, Катар и Саудиска Арабија се квалификуваа од Азиската зона.

Претставник на Океанија е Нов Зеланд, а од Северна, Централна Америка и Карибите (КОНКАКАФ) се квалификуваа Панама, Курасао и Хаити, како и домаќините САД, Канада и Мексико.

Од Африка пласман на Мундијалот обезбедија Мароко, Тунис, Алжир, Египет, Гана, Зелено’ртски Острови, Јужна Африка, Сенегал и Брегот на Слоновата Коска.

Фото/ Фудбалска федерација на Македонија

Scroll to Top