Оваа 21-ва сезона во НБА ќе биде последна во кариерата на неповторливиот Крис Пол. Овој кошаркар, кој со право го доби прекарот „ The Point God“, објави дека ќе се пензионира кога Лос Анџелес Клиперс ќе го одиграат својот последен натпревар во сезоната 2025/26.
Пол ќе има најмалку 12 настапи на Ол-стар, 11 избори во најдобрите тимови во сезоната и место во престижниот клуб „75 најдобри во НБА историјата“, што е воедно и најава дека наскоро ќе го видиме на сцената во Спрингфилд како прифаќа номинација за „Куќата на славните“.
Популарниот „CP3“ напиша кратка, но впечатлива порака на социјалните мрежи оваа сабота:
„Какво патување… Уште многу има да се случи… Благодарен сум за ова последното“.
Пол, роден на 6 мај 1985 година, денес се враќа во родната Северна Каролина каде што Клиперс играат против Шарлот Хорнетс.
Во текот на две децении, тој играше за осум тима, вклучувајќи ги и Клиперси двапати 2011-17 и 2025/26.
Беше драфтуван од Њу Орлеанс Хорнетс (франшизата на Шарлот што во тоа време беше со седиште во Њу Орлеанс) како четврти пик од првата рунда на драфтот.
Одигра шест сезони за Хорнетс, беше на работ да се пресели во ЛА Лејкерс, но НБА направи историски преседан и ја запре таа размена, оценувајќи дека тимот со Пол и Коби Брајант ќе биде премногу силен.
На крајот тој заврши во Лос Анџелес, но во Клиперси, каде што тој, заедно со Блејк Грифин, Деандре Џордан и Џамал Крофорд, го претставуваше вечниот фаворит за финалето, но некако секогаш губеше рано во плејофот.
Подоцна, патот го одведе низ Хјустон Рокетс (2017-19), Оклахома Сити Тандер (2019/20), Финикс Санс (2020-23), Голден Стејт Вориорс (2023/24) и Сан Антонио Спарс (2024/25), назад во Клиперс каде што ќе ја игра својата последна сезона.
Тој ќе ја заврши својата кариера како втор најдобар асистент и крадец на топки во историјата на лигата, во двете категории пред него е само неповторливиот Џон Стоктон.
