Пол Погба по пауза од 811 дена, односно по две години, два месеци и 19 дена, му се врати на фудбалот. .
Поранешниот француски репрезентативец, последен пат беше на теренот во дресот на Јувентус, одигран на 3 септември 2023 година против Емполи, по што беше суспендиран поради позитивен допинг тест и првично беше суспендиран од професионалниот фудбал четири години.
Неговата казна подоцна беше преполовена, па некогаш фантастичниот играч од средниот ред му се врати во фудбалот на 33-годишна возраст, овој пат како играч на Монако.
Тренерот на Монако, Себастијан Фоконоли го внесе Погба во игра во 85-та минута од натпреварот од француското првенство, во кој нивниот тим беше убедливо поразен. Со десетмина на теренот, во тој момент Монако веќе губеше со 4:1 на гостински терен од Рен.
Останува да се види дали овие минути ќе значат големо враќање во фудбалот за светскиот шампион од Мундијалот во Русија 2018 година.
Фото/ Принтскрин
