Најдобрите италијански тенисери ја освоија титулата во Дејвис Купот трет пат по ред.
Тимот предводен од клупата од селекторот Филипо Воландри со тоа стана првиот од 1972 година што освоил три титули во Дејвис Купот. До овој ѕспех Италија стигна без двајцата најдобри тенисери, Јаник Синер и Лоренцо Мусети.
Клучните победи за „аѕурите“ во финалето против Шпанија ги постигнаа во недела, во сингл, Матео Беретини и Флавио Коболи.
Беретини прво го победи Пабло Карењо-Буста во два сета (6:3, 6:4), а Коболи, по голема борба и пресврт, го совлада Хауме Мунар, во сетови 1:6, 7:6 и 7:5.
Натпреварот траеше речиси три часа.
Мунар беше на добар пат да обезбеди долг натпревар во двојки за титулата, но Коболи одигра брилијантно во вториот и третиот сет, го подигна темпото на играта и, воден од неверојатната енергија од трибините на салата во Болоња, го победи Шпанецот.
ITALY WITH THE HAT TRICK 🇮🇹🎩🔥#DavisCup pic.twitter.com/YhOh7OxIdp
— Tennis Channel (@TennisChannel) November 23, 2025
Колективно, Италијанците го освоија четвртиот пехар, првиот го освоија во 1976 година, се одвоија од Чешка и Германија (по три) на вечната листа и сега ја бркаат Шпанија, која има шест титули во Дејвис купот.
Foo/ EPA
