Top Sport

(Видео) Геј се огласи по инцидентот со Кин

Евертон го победи Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“, во натпревар кој ќе се прераскажува поради бизарниот црвен картон, што го доби Идриса Гана Геј.

Сенегалецот, во раната фаза од натпреварот му удри шамар на сограчот Мајкл Кин, поради што беше исклучен.

Геј проговори веднаш по натпреварот и им се извини на сите, пред сè на Кин.

„Прво сакам да му се извинам на Мајкл Кин. Преземам целосна одговорност за мојата реакција. Исто така, би сакал да им се извинам на моите соиграчи, тренерскиот штаб, навивачите и клубот. Она што се случи не го одразува тоа кој сум јас или вредностите за кои се залагам. Емоциите можат да зовријат, но ништо не го оправдува ваквото однесување. Бидете сигурни, ќе направам сè за да не се случи ова повторно“, рече Геј.

Евертон го победи Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ со 1:0, иако играа без исклучениот Геј од 14-та минута.

Foto/ EPA

Scroll to Top