Top Sport

Аморим: Ова е чекор назад

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, не го криеше разочарувањето и незадоволството од играта на неговите избраници по поразот од Евертон.

Португалецот ги критикуваше своите играчи дека не одговориле соодветно на агресивната игра на противникот.

„Тие беа подобар тим и со 11 и со 10 играчи. Не им одговоривме со интензитет и тие заслужија да победат. Ни помогнаа и со црвен картон. Моравме да направиме повеќе во секој момент. Моравме да ги притискаме посилно во последната третина. Моравме да направиме повеќе“, рече Аморим.

Шрвата победа на Евертон на „Олд Трафорд“ по пауза од 12 години, означи крај на серијата од пет победи на Манчестер Јунајтед во Премиер лигата.

„Да, ова е чекор назад. Особено кога ќе видите како игравме. Заборавете на резултатот, резултатот е навистина лош, но повеќе ме загрижува чувството што го имав за време на натпреварот. Секој мораше да игра подобро“, заклучи Аморим.

Фото/ Принтскрин

Scroll to Top