Top Sport

(Видео) Унион го шокира Галатасарај, Бенфика победи во Амстердам

Во првите два натпревари од петтото коло на Лигата на шампионите, гостинските екипи извојуваа победи, Бенфика победи против Ајакс во Амстердам – 2:0, а Унион Сен Жилоа победи против Галатасарај во Истанбул – 1:0.

Во Амстердам се сретнаа великаните на европскиот фудбал, воедно екипи кои се најголемите разочраувања сезонава во Лигата на шампионите. Ајакс и Бенфика беа на последните две места, без освоен бод. По петтото коло само Ајакс ќе остане без бодови, откако загуби со 0:2.

Победата на Бенфика ја најави Дахи во шестата минута. Потоа, Португалците ги затвоорија приодите кон голот, играа без ризик и чекаа шанса, до која дојдоа во 90-та минта кога Бареиро го постави конечниот резултат.

Лидерот во турскиот шампионат, Галатасарај доживеа шокантен пораз од првакот на Белгија, Унион Сен Жилоа. Гостите одиграа одличен натпревар, речиси совршен, на противникот му дозволија само една чиста шанса во текот на мечот.

Белгијците преку Сајкс ја погодија пречката во првиот дел, а голот за победа го постигна Дејвид во 57-та минута. Имаа чиста шаса и во 94-та минута, но Родригез беше себичен.

Во шестото коло Галтасарај ќе му гостува на Монако, а Унион ќе го пречека Олимпик Марсеј.

Scroll to Top