Top Sport

(Видео) Тони Крос одликуван со Витешки крст

Легендарниот германски фудбалер Тони Крос го доби највисокото германско одликување – Витешкиот крст му беше врачен во Мадрид на стадионот „Бернабеу“.

Поранешниот германски фудбалер и легенда на Реал Мадрид, 35-годишниот Тони Крос, го прими едно од највисоките цивилни одликувања на Сојузна Република Германија – Витешкиот крст од редот за заслуги.

Свечената церемонија се одржа на стадионот на Реал „Бернабеу“ во Мадрид. Орденот му го врачи лично претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер, како признание за исклучителната спортска кариера и долгогодишната хуманитарна работа преку неговата фондација.

Претседателот на Германија во таа пригода нагласи дека Тони Крос е „гордост на нацијата и пример за младите луѓе“, нагласувајќи ја неговата скромност и посветеност на работата со болни деца.

Меѓу присутните беа претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, поранешниот соиграч на Крос, а сега тренер на Реал, Чаби Алонсо, поранешните соиграчи и пријатели Антонио Ридигер и Федерико Валверде, легендата на Реал, Емилио Бутрагењо, семејството на Крос и многу други…

Тони Крос ја заврши својата кариера во 2024 година. Играше за Баерн Минхен, Баер Леверкузен и Реал Мадрид. Со Баварците освои три Бундеслиги, Купот на Германија и Лигата на шампионите. Со Реал Мадрид, уште пет титули во Лигата на шампионите и по четири титули во шпанската Ла Лига, Суперкупот на Шпанија и Суперкупот на УЕФА.

Одигра 114 натпревари за германската репрезентација и постигна 17 голови. Неговиот најголем успех е секако титулата светски шампион освоена во 2014 година во Бразил.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');