Top Sport

(Видео) Арсенал лесно се справи со Брентфорд, спектакуларен пресврт на Астон Вила во Брајтон

Арсенал ја врати предноста од пет бода во однос на Манчестер Сити, откако со 2:0 го победи Бренфорд. Одличната форма ја потврди и Астон Вила со победата во Брајтон 4:3.

На „Емирејтс“, Бренфорд излезе со јасна намера, со бункер, да му се спротивстави на фаворитот. Одбраната на гостите издржа 11 минути кога Микел Мерино го постигна првиот гол.

Имаше Брентфорд пота свои шанси преку Шаде, меѓутоа Раја не дозволи да биде совладан.

Конечниот резултат, по грешката на голманот Келехер го постави Сака во првата минута од судиското надополнување на времето во второто полувреме.

Брајтон и Астон Вила на „Амекс“ стадионот го одиграа можеби и најдобриот меч во досегашниот тек од Премиер лигата. Гпстите од Бирмингем надополнија минус од два гола и славеа со 3:4.

Домашниот тим поведе со голот на Ван Хеке, а набргу Пау Торес со авто гол му создаде уште поголеми проблеми на својот тим, по само 29 минути игра.

Сепак, Вила играше многу подобро од тој момент, а главен актер беше Оли Воткинс.

Еден од најдобрите напаѓачи во Премиер лигата, до крајот на полувремето со два гола донесе израмнување.

Целосен пресврт Вила направи по 60 минути игра. По центаршутот на Метју Кеш, Онана ја искористи својата висина и со глава ја испрати топката во мрежата на домаќините. Дека Вила ќе победи беше јасно по голот на Дони Мален во 78-та минута.

Ван Хеке, со својот втор гол им даде надеж на навивачите дека Брајтон може да избегне пораз, но до крајот резултатот не се смени.

Вила така стигна до својата четврта победа по ред, која ги однесе на третото место, само шест бода зад првопласираниот Арсенал.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');