Top Sport

На повидок голема размена помеѓу ПСЖ и Манчестер Јунајтед

Пари Сен Жермен и Манчестер Јунајтед наскоро би можеле да реализираат една од најинтересните размени во европскиот фудбал. Според информациите од англиските медиуми, францускиот клуб ја разгледува можноста да го понудат младиот Бредли Баркола во замена за Маркус Рашфорд.

Овој потенцијален договор предизвика голем интерес бидејќи вклучува двајца играчи со различни профили, но со голем потенцијал за понатамошен развој. И додека Баркола би претставувал долгорочна инвестиција за Јунајтед, Рашфорд би можел да донесе квалитет и искуство во нападот на ПСЖ.

Рашфор сезонава игра во Барселона, но јасно е дека Каталонците нема да го откупат неговиот договор. Станува збор за сума од 30 милиони евра. Од друга страна, помладиот Баркола, се соочува со силна конкуренција на крилните позиции во ПСЖ, поради што не може да се каже дека е сигурен стартер во системот на Луис Енрике.

Англиските медиуми, пишуваат дека ПСЖ би ја инцирале оваа размена, односно дека би го искористиле Баркола за да го реализираат трансферот на Рашфорд.

Се очекува преговорите да продолжат во наредните недели, а двете страни наводно остануваат отворени за договор што би можел да ги задоволи сите вклучени.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');