Хрватскиот фудбалски стручњак Славен Билиќ е главен кандидат за функцијата селектор на чешката репрезентација, објавија денес локалните медиуми.
Билиќ, кој е без работа во струката од летото 2024 година, откако се раздели со Ал Фатех и работеше на серијата „(Не)успех на шампионите“), е високо на листата на желби на првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Чешка.
Директорот на репрезентацијата, Павел Недвед, претходно го разгледуваше Фати Терим, но турскиот тренер беше оценет како прескапо решение.
Потоа, преговори беа водени и со Јирген Клинсман, кој не покажал интерес за позицијата.
Медиумите известуваат дека Билиќ наскоро би можел да започне разговори со челниците на Сојузот, а одлука за новиот селектор се очекува во текот на следната недела.
Чешката репрезентација ќе се обиде да се квалификува за Светското првенство преку баражот. Во полуфиналето од плејофот, нивен ривал е Република Ирска, а во евентуалното финале, ги чека победникот од натпреварот меѓу Данска и Македонија.
Тимот ќе го предводи тренерот на Славија Прага, Јидрих Трипишковски, кој потврди дека нема амбиција да остане тренер по овие натпревари. Славија објави дека не очекува негово трајно заминување од клубот.
Foto/ freerangestock
