Top Sport

Трипл-дабл пресметка меѓу Јокиќ и Шенгун – Денвер во продолженијата го победи Хјустон

Денвер и Хјустон одиграа супер интересен натпревар изминатата ноќ во НБА лигата. Во регуларниот дел, натпреварот во „Бол Арена“ заврши 117:117, по дополнителните пет минути победата им припадна на Денвер Нагетс 128:125. Никола Јокиќ и Алперен Шенгун натпреварот го завршија со по трип-дабл.

Денвер избори продолженија на две секунди до крајот, кога од линијата за слободни фрлања погоди Џамал Мареј. Претходно двата тима се менуваа во водството, а во текот на мечот нити еден од тимовите не успеа да створи значајна предност.

Јокиќ постигна 39 поени (13/27 од поле, 5/9 за тројки, 8/11 слободни фрлања), 15 скока, 10 асистенции и две блокади и по една украдена топка за 42 минути на паркетот. Јокиќ го забележа 12-от трипл-дабл во сезоната, уште пет го делат од Оскар Робертсон, кој е втор на вечната листа.

Џамал Мареј имаше голем придонес, особено во продолженијата. Тој постигна вкупно 35 поени, со пет асистенции и три скока. Тим Хардавеј и Кем Џонсон додадоа по 13.

Од другата страна, Алперен Шенгун одигра одличен натпревар, забележа 33 поени, со 10 скока и асистенции.

Го следеа Кевин Дурант со 25 поени, седум асистенции и пет скока, Џош Окоги имаше 16 поени и четири скока, а Џабари Смит 16 поени, 10 скока и четири асистенции.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');