Фудбалерот на Пари Сен Жермен и француската репрезентација, Усман Дембеле, беше избран за најдобар фудбалер во светот во 2025 година во изборот на ФИФА (The Best FIFA Football Awards). Селекторите и капитените на селекциите, членки на ФИФА право да дадат по три имиња за секоја категорија (најдобар фудбалер, тренер, голман…).
Дембеле ги обедини двете најважни награди откако ја освои и „Златната топка“ во септември. Сега веќе поранешниот селектор на Македонија, Благоја Милевски и капитенот Енис Барди, на своите листи на првото место го имаа лауреатот Дембеле.
Милевски на првите три места ги стави Дембеле, неговиот соиграч од ПСЖ Витиња, и ѕвездата на Барселона Ламин Јамал. Барди својот глас им го даде на Дембеле, Јамал и Нуно Мендеш.
Погледнете како гласаа останатите селектори и капитени од регионот:
Сергеј Барбарез (селектор на БиХ): Кејн, Дембеле, Мбапе
Един Џеко (капитен на БиХ): Дембеле, Јамал, Салах
Златко Далиќ (селектор на Хрватска): Дембеле, Салах, Педри
Лука Модриќ (капитен на Хрватска): Витиња, Дембеле, Јамал
Мирко Вучиниќ (селектор на Црна Гора): Мбапе, Дембеле, Кејн
Стеван Јоветиќ (капитен на Црна Гора): Јамал, Мбапе, Дембеле
Матјаж Кек (селектор на Словенија): Дембеле, Јамал, Витиња
Јан Облак (капитен на Словенија): Дембеле, Рафиња, Јамал
Foto/ arhiva, Topsport
