Панатинаикос, во дерито во Атина, синоќа го победи го победи Хапоел Тел Авив со 93:82, но натпреварот го засени инцидентот што се случи за време на паузата помеѓу двете полувремиња.
На полувремето, навивач на ПАО го удри, а потоа упати вербални закани до сопственикот на израелскиот клуб, Офер Јанај, кој се најде во многу непријатна ситуација.
Веднаш по натпреварот, атинскиот клуб се огласи и остро го осуди овој гест, и доживотно му забрани на неименуваниот навивач да присуствува на натпревари.
Како што беше објавено, на навивачот му бил конфискуван сезонскиот билет и доживотно му е забранет влез во арената „ОАКА“ каде што игра ПАО.
Клубот соопшти дека насилното и расистичкото однесување немаат место во салата на Панатинаикос, нагласувајќи нулта толеранција за инциденти што ја нарушуваат безбедноста и угледот на клубот.
Во многу возбудлив натпревар во Атина, видовме неколку серии и пресврти, но на крајот ПАО го зададе последниот удар на почетокот на четвртат четвртина, по што Хапоел немаше сили да се врати уште еднаш во натпреварот.
Најефикасен во тимот на Панатинаикос беше Кендрик Нан со 19 поени, Чеди Осман помогна со 17, додека Јуцевен заврши со 11.
Во тимот на Хапоел се истакна Енис со 16 поени, Блекни и Брајант постигнаа по 14.
