Стивен Џерард е јасен кога станува збор за враќањето во Ливерпул – тој би се вратил и би ја завршил секоја работа што клубот би ја побарал од него. Но, во исто време го поддржа менаџерот Арне Слот.
Стивен Џерард е без работа откако ја заврши својата епизода во Саудиска Арабија, а оттогаш често работел како стручен коментатор. Во последното интервју, тој зборуваше за потенцијално враќање во Ливерпул.
„Ќе бидам брутално искрен. Би му помогнал на Ливерпул во која било улога во секој момент, секој ден. Буквално би направил сè“, рече Џерард кога го прашаа дали неговиот сон е да биде менаџер на Ливерпул.
Иако неговата желба е многу јасна, како навивач тој го поддржа Арне Слот и не сака да „му го види грбот“.
„Не сакам Арне Слот да остане без работа. Сакам Арне Слот да го поправи ова, да го сврти и да го направи Ливерпул голем. Кога Ливерпул ја освои лигата, буквално славев четири или пет месеци. Јас сум навивач на Ливерпул и му посакувам на клубот секогаш најдобро.
Но, ако Ливерпул каже дека им требам на која било улога, ќе бидам тука“, додаде тој.
Foto/ depositphotos
