Top Sport

(Видео) Сан Антонио е криптонит за Оклахома

Кошаркарите на Сан Антонио, втор пат во последните 10 дена, успеаја да забележат победа во дуелот со шампионот Оклахома. Изминатата ноќа, Сан Антонио убедливо ги победи Тандер со 130:110.

Сан Антонио фатија ритам, ја забележаа седмата победа во последните осум натпревари. Единствениот пораз во таа серија беше оној во финалето на Купот против Њујорк во Лас Вегас.

Спарс до победата ги предводеа Келдон Џонсон со 25 поени, Стефон Касл со 24 и Харисон Барнс кој го заврши натпреварот со 20 поени. Потфрли Виктор Вембањама само 12 поени, пет скока и три асистенции.

За Оклахома, која го претрпе четвртиот пораз оваа сезона, актуелниот МВП Шеј Гилџис-Александер беше убедливо најпродуктивен со 33 поени, но немаше најдобра поддршка од повеќето соиграчи.

Чет Холмгрен придонесе со само седум поени (3/10 од поле).

Џејлен Вилијамс беше втор стрелец во тимот со 17 поени, додека Лугуренц Дорт даде 15.

По серија одлични резултати, 14 победи во 17 натпревари, Сан Анонио се проби на второто место на табелата во Западната конференција. Оклахома е лидер на Западот и воопшто во лигата, но Тандер загубија три од последните пет натпревари. Пред тоа, тие имаа скор од 24-1.

Ова беше и најтешкиот пораз на шампионот и првиот двоцифрен пораз.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');