Боксерскиот свет беше потресен во понеделник од веста дека Ентони Џошуа бил вмешан во сообраќајна несреќа во која загинале две лица. Боксерот, исто така, се здобил со повреди и бил однесен во болница.
Двајца од најблиските пријатели на Џошуа и членови на неговиот тим, Сина Гами и Латиф Адојеле, ги загубија животите во оваа несреќа.
Оваа вест беше официјално потврдена од промотивната компанија на Џошуа, „Matchroom Boxing“, која издаде соопштение за медиумите:
„Ентони Џошуа беше вмешан во сообраќајна несреќа во Лагос. Со длабока тага ве известуваме дека двајца од неговите пријатели и членови на тимот, Сина Гами и Латиф Адојеле, починаа.“
„Mechrum Boxing“ и „258 BXG“, можат да потврдат дека Џошуа се здобил со повреди во несреќата и бил однесен во болница на преглед и лекување. Неговата состојба е стабилна, но тој ќе остане под надзор.
Изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата и пријателите на жртвите. Ве молиме да се почитува нивната приватност во ова исклучително тешко време“, се вели во соопштението.
Foto/ freerangestock
